Русите ја напаѓаат Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Руски AvtoVAZ го објави почетокот на продажбата на моделот Lada Vesta на германскиот пазар, а церемонијата се одржа во Хамбург.

Првиот контингент на возила се состои од преку 200 автомобили, а цената ќе биде од 12.500 евра.

На германските купувачи ќе им биде понуден мотор од 1.6 литри и 106 КС. Возилата што се испорачуваат во Европа ги задоволуваат Еуро 6 стандардите, а од домашната верзија се разликуваат и според подесувањето на системот за управување и по системот за дијагностика на возилото.

Во основниот пакет на овој модел има клима уред, алиминиумски бандажи од 16 цола, сензори за светло и дожд, аудио систем, мултифункционален волан, сензори за паркирање, дополнителни странични воздушни перничиња, сензори за притисок на гумите.
Европската Luxe верзија ќе чини 13.490 евра и во опрема ќе има автоматска клима, греење на ветробранското стакло, инфо-забавен систем со екран од 7 инча, навигација и камера за движење во рикверц.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK