Русите измислија уред за возачите да останат будни (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Рускиот уред е многу побрз од другите, а за точноста на работата на уредот ја осигурува и видео камера со висока резолуција како и режим на ноќна работа кој е ефикасен дури и во потполн мрак

На голем број на возачи кои минуваат долго време зад воланот често им се случува да заспијат возејќи, па постојано се бара начин како да се избегнуваат несакани несреќи. Русите се чини дека веќе имаат пронајдок кој ќе помогне, а уредот го осмисли група на млади струњаци.

Се работи за уред со едноставен алгоритам, кој ја проценува мимиката и параметрите на лицето на возачот и на тој начин одредува дали возачот е поспан и дали вниманието му е опаднато. Доколку уредот забележи нешто од ова тогаш се вклучува и звучна и светлосна сигнализација.

Еден од контрукторите, Владислав Лесовој, одговара на прашањето што е она кое овој уред го одделува од другите слични.

„Постоечките аларми и будилници на личноста која управува со возилото реагираат на положбата на главата. Ако дојде до сон, главата обично паѓа и дури тогаш се уклучува сигнализација. Меѓутоа, се покажа дека тие постоечки уреди не се доволно ефикасни“.

Статистиката вели дека секоја петта сообраќајна несреќа е последица на изненадно паѓање во сон на личноста која е зад воланот. Во таков случај речиси секогаш доаѓа до смртни последици или многу тешки телесни повреди.

Рускиот уред е многу побрз од другите, а за точноста на работата на уредот ја осигурува и видео камера со висока резолуција како и режим на ноќна работа кој е ефикасен дури и во потполн мрак. Инаку, уредот има 32-битен проецесор АРМ и специјален програм.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK