Русија ја подига максималната брзина на автопатите на 150 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Најновата одлука која доаѓа од Русија вели дека оваа земја ќе ја зголеми максималната брзина на автопатите, а според информациите таа ќе се искачи на 150 км/ч, а причината е многу интересна.

„Голема земја како нашата има право на патишта по кои ќе се вози со 150 км/ч“,  вели генералниот директор на државната компанија „Рoccийcкиe aвтoмoбильныe дoрoги“  („Aвтoдoр“), Вјачеслав Петушенко, кој беше цитиран од страна на ТАСС.  Веќе извесно време во Русија се разгледува активно прашањето за зголемување на максимално дозволената брзина по автопатите.

Петушенко предлага лимитот да биде зголемен на 150 км/ч на автопатите меѓу Москва и Санкт Петербург М-11 „Нева“, меѓу Москва и Новосибирск М-4 „Дон“ и централниот кружен тек на главниот град (ЦКАД). Во моментов максимално дозволената брзина е 130 км/ч.

Неодамна предлогот за зголемување на лимитот по платените руски патишта доби поддршка и од рускиот министер за транспорт. Евгениј Дитрих објави дека прашањето за воведување на максимална брзина од 150 км/ќ според обиколницата во Москва ќе биде решен до крајот на годината.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK