Русите направија план како да го стимулираат користењето на почисто гориво и тоа на сите нивоа во транспортот, а во случајот се работи за користење на гас. Министерството за енергетика на Русија изработи федерелна потпрограма под назив „Развој на пазарот за гасното гориво“ во рамки на кое се планираат државни субвенции за развој на автомобили кои работат на гас, за купување на слична техника за потребите на општините и комуналните служби, како и да се компензираат дел од трошоците за префрлање на работата на гас на такси возилата, патничките превозници и сопствениците на приватни автомобили.
Потпрограмата е дел од државниот проект „Енергоефективност и развој на енергетиката“. Во неа голем дел е одвоен на гасното гориво бидејќи се смета дека субвенционирањето треба да помогне не само за развој на пазарот на гасното гориво туку и да ја подобри еколошката ситуација бидејќи автомобилите со гасни уреди во атмосферата исфрлаат помали вредности штетни гасови од класичните бензин и дизел автомобили.
За да може еден автомобил да се квалификува за државна помош за конверзија на гас, тој не смее да биде постар од пет години. Од министерството предлагаат помошта за рекорструкција да изнесува 27.000 рубљи (околу 360 евра) за сопствениците на привати автомобили.
Притоа референтната цена за обновување на автомобилот на гас се одредува на 90.000 рубљи (1205 евра). Сопственитие на лесни комерцијални возила ќе имаат право на субвенции од 48.000 рубљи (643 евра), на автобуси со должина до осум метри од 63.000 рубљи (845 евра), на други автобуси 111.000 рубљи (1485 евра), на камиони 114.000 рубљи (1526 евра)…
За следните пет години Минисерството предлага од буџетот да бидат изделени средства за субенции и компензации по програмата во износ од 187 милијарди рубљи (2,5 милијарди евра). Од Министерството забележуваат, дека според нивната прогноза околу 80% од оние кои ќе имаат корист од правото на субенции за монтирање на гасни уреди во автомобилите ќе бидат приватни сопственици на автомобили.
Програмата е планирана за реализација во оние региони на Руската федерација, кои ќе поднесат соодветна апликација. Средствата ќе бидат изделени од федералниот буџет, но за организација на процесот за исплата на надомест и субвенции ќе одговараат регионалните власти.