Компанијата од САД, Scuderia Cameron Glickenhaus, која е во сопственост на Џејмс Гликенхаус (режисер, актер, продуцент…) планира да направи меѓуконтинентално патешествие со СУВ возило во сопствено производство.
Плановите се оф-роуд возилото да може самостојно да го издржи растојанието од Њујорк до Париз.
Според замислата која што во моментов ја има Гликенхаус почетната точка на патешествието ќе биде прочуениот плоштад Тајм сквер, а тоа би требало да почне во 2020 година. Оттаму возилото ќе тргне кон Беринговиот премин.
Овој премин ќе биде поминат со помош на специјално конструиран понтон на дување. Понатаму маршутата продолжува по трасата „Колима“ и „Трансибирска автомагистрала“. Според најавите возилото би требало да помине низ Пекинг, Москва, Санкт Петербург, а потоа ќе се упати кон Париз.
Во Scuderia Cameron Glickenhaus планираат да стигнат и да возат и на највисокиот вуклан, чилеанскиот Охос дел Саладо, кој е со надморска височина од 6893 метри. Кросоверот има централно позиционирано шоферско место и ќе биде достапен во две верзии. Со две врати – Steve и со четири – Expedition.
Машината ќе биде опремена со американски V8 мотор и автоматски менувач.