Рон Денис доби „црно знаме“ – заминува од McLaren

ОБЈАВЕНО НА:

По 36 години во McLaren како Главен Извршен директор, Рон Денис мора да се повлече. Иако поседува 25 отсто од акците, другите акционери го барат тоа од Британецот.

Една од најголемите ѕверки во Формула 1 доби „црно знаме“ од своите колеги, акционери во McLaren Group кои бараат од него да ја напушти позицијата. Името на Рон Денис секогаш се поврзувало со McLaren и најголемите успеси на тимот во Ф1, а под негова контрола тимот има освоено седум конструкторски и 10 возачки титули, меѓу другите и оние на Аиртон Сена, Алан Прост и Луис Хамилтон во 2008 година. Се радувал на 158 од вкупмнп 182 гран при победи на тимот.

ron-denis-i-alan-prost-i-airton-sena-1

Во последно време на тимот и не му оди баш најдобро во намерата да се врати на старите патеки, а Денис не го гледаат како личност што може да помогне во пресврт. Тој повеќе беше препознаван како автократ, отколку како човек што сака да работи колегијално.

Тој поседува 25 отсто од акците во McLaren, што ќе ги задржи. Има ист процент на акции како и Саудискиот бизнисмен Мансоур Ојех, негов бизнис партнер. По несогласувањата меѓу нив двајцата, Ојех станува поблизок со Бахреинскиот инвестициски фонд Мумталакат, кој ги поседува другите 50 отсто од акциите.

Во 2014 година McLaren ја раскинува соработката со Mercedes, а новиот партнер Honda не беше целосно подготвена да им ја даде потребната подршка. Тоа беше најлошата сезона во историјата на тимот завршувајќи на деветтото место, единствено пред тимот на Manor. Работите се сменија сезонава, но се уште се шестопласирани и немаат победа веќе четири сезони. А Денис не успеа да најде нов главен спонзор на местото на Vodafone.

Mclaren Group е повеќе од Формула 1. Тоа е една од светските најнапредни технолошки компании што е вознемирена за натамошниот развој.

Денис го почна Ф1 живото како механичар во тимот на Cooper кога имал 18 години. Му се приклучи на McLaren во 1980 и до 1981 ја презеде контролата. Неговото лично богатство се проценува на околу 400 милиони фунти.

Зак Браун, американски бизнисмен и поранешен професионален тркач многу се поврзува со Mclaren

Следете не и на:

24AUTO NETWORK