Романија сака да ги спречи граѓаните да купуваат стари автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во Романија сакаат да забранат граѓаните да купуваат повеќе од еден автомобил од “втора рака” во рок од две години, пишува во весникот Romania libera, повикувајќи се на законот, поднесен од владејачката Социјалдемократска партија (СДП). Користените автомобили увезени од странство ќе се продаваат само од компании, а поединците ќе можат да купуваат вакви автомобили само еднаш на секои две години.

Ако биде одобрена, забраната ќе влијае на правото на сопственост и на способноста да располага со личен имот. Мерките ќе бидат многу посурови од правилата, со кои Владата сака да ги обесхрабри лицата кои купуваат многу автомобили “втора рака” од странство и потоа ги продаваат во Романија без да плаќаат данок. Зсега овие мерки се од фискална природа – преку повисоки надоместоци.

Според податоците на Националната даночна администрација во Романија во 2016 година, голем број на лица кои не се регистрирани за данок тргуваат со половни автомобили. Управата за јавни приходи пронашла кај некои лица сопственост на 10-15 автомобили.

Бидејќи овие луѓе развиваат економска активност која не е дозволена со закон, не е регистрирана фискално и не се декларираат приходите од неа, бидејќи автомобилите се сметаат за лична сопственост, се бара спроведување на мерки кои треба да се спречат ваквите ситуација гласат аргументите на владата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK