Прес-службата на Rоlls-Rоyсе ја откри првата фотографија на новиот модел, кој ќе биде изграден во еден единствен примерок и ќе стане најскапиот автомобил во историјата. Уникатот ќе добие каросерија со две врати, камери место ретровизори и тенки LED стоп светла.
Според неофицијална информација таинствениот Rоlls-Rоyсе требало да се појави во август на Конкурсот за автомобилска елегенција во Пебил Бич во Калифорнија.
Настанот, сепак, беше одложен поради пандемијата со коронавирусот, а новиот датум на премиерата не е познат.
Во 2017 година најскапиот автомобил во светот стана еден друг уникат, Rоlls – Swеptаil. Купето двосед со стаклен кров излезе на анонимниот купувач од Велика британија за 11,2 милиони евра. Две години подоцна рекордот беше подобрен од Bugаtti Lа Vоiturе Nоirе, за кој клиент од Австрија плати 17 милиони евра.