Rolls-Royce во проблеми – им замина уште еден дизајнер

ОБЈАВЕНО НА:

Rolls-Royce се наоѓа во сериозни проблеми. Откако пред нешто повеќе од една година го загубија главниот дизајнер, сега и вториот нивни дизајнер е на излезни врати.

Во јуни 2018 година Жил Тејлор си поднесе оставка на местото главен дизајнер и објави трансфер во кинески Hongqi, сега и неговата замена си даде оставка.

Станува збор за Јозеф Кабањ кој го напушти производителот на луксузни автомобили и премина во BMW. “Иако Јозеф беше кратко време во Rolls-Royce ние му се заблагодаруваме за неговиот придонесе. Му посакуваме се најдобро во иднина” изјави првиот човек на Rolls-Royce, Торстен Милер.

Овој 46 годишен словачки дизајнер претходно има работено во Volkswagen, Skoda, Bugatti и BMW, а дел од неговите керации се Skoda Superb, Skoda Kodiaq, Skoda Octavia, Volkswagen Lupo, SEAT Arosa и Bugatti Veyron.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK