Иако е пролет, народски кажано за Rolls-Royce нема зима. Кризата со рекордно малата побарувачка на автомобили не претставува закана за овој луксузен производител. Овој производител веќе подолго време произведува мед брендиран како “Rolls-Royce of Honey” па овој период го користи за целосно да се посвети на производството на овој мед.
Лондонскиот производител поседува нешто над 250.000 пчели групирани во шест големи кошници кои пак се именувани како Phantom, Wraith, Ghost, Dawn, Cullinan и Spirit of Ecstasy.
Инаку Rolls-Royce не е единствениот производител на автомобили кој е присутен во производството на храна. Volkswagen веќе со децении ги произведува препознатливите колбаси, а конкуренти на Rolls-Royce во производството на мед се Porsche и Bentley.