Главниот дизајнер на Rolls-Royce, Џејлс Тејлор ја напушти својата позиција во компанијата и ова беше големо изненадување бидејќи беше дел од фирмата од 2012 година кога го замени Јан Камерон.
Под раководство на Тејлор беа создадени неколку многу важни автомобили, како флагманскиот седан Phantom од осмата генерација, како и првиот во историјата на Rolls-Roydce, седанот Cullinan.
Тејлор ќе биде запаметен по концепцискиот автомобил Rolls-Royce Vision 100 (на фотографијата), кој беше произведен во еден-единствен примерок исто како и уникатното купе Rolls-Royce Sweptail.
Тој не само што го напушти брендот Rolls-Royce, туку и целосно структурата на BMW Group.