Rolls- Royce Phantom – најлуксузниот сериски автомобил на светот (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Rolls-Royce официјално го претстави целосно новиот Phantom кој се обидува да ја врати титулата како најлуксузното возило во светот. Веќе на прв поглед тој е препознатлив, и редизајнираниот предводник на компанијата е создаден за да овозможи “нови нивоа на иконично присуство и зголемена елеганција”.
Дизајнот е веќе познат и признаен, и се покажал и претходно како успешен, и има за 30 отсто поцврста алуминиумска конструкција, и ново и ветувачко а досега невидено ниво на луксуз во внатрешноста, и високо технолошко ниво.

Од Rolls-Royce коментираат дека за разлика од другите т.н. производители на луксузни автомобили, кои се обидуваат да остварат заштеди со позајмени платформи, осмата генерација на легендата Phantom е реализирано преку интересна стратегија. Основата во неа е потпирањето на долгогодишно партнерство со мали семејни производители, кои ќе се фокусираат целосно на соработката со легендарната марка, гарантирајќи секогаш најдобар можен квалитет на производството.

Целосно новата адаптивна воздушна суспензија на Phantom ќе понуди најдобро однесување на патот во својата класа, а за таа цел се потпира и на посебна стерео-камера која го скенира патот напред и секоја промена на подесувањата на суспензијата е на основа на собраните податоци за постигнување на надобро и непречено движење при брзини до 100 км/ч.

За постигнување на врвно искуство на патот, Rolls-Royce Phantom е дизајниран со идејата да биде и најдобар тивок автомобил во светот. За остварување на целта е поставена 6-милиметарска изолација по целото возило со вкупна тежина над 130 килограми, па дури и гумите на автомобилот се со подобрена звучна изолација преку воведувањето на посебна пена во нивната внатрешност.

Заедно со изработка на ентериерот, новиот Rolls-Royce Phantom ветува и интересни иновации во однос на нивото на удобност, едни од најимпресивните со кои се опремени, се систем за загревање на лактите на вратите, централни потпирачи за раце.

Погонот на новиот Rolls-Royce Phantom, кој ќе се нуди и во долга верзија, е доверено на нов 6.75-литарски мотор V12 цилиндричен мотор кој генерира максимална моќност од 563 коњски сили и максимален вртежен момент од 900 Нм уште при 1700 / мин. Менувачот е роботизиран осумстепен ZF.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK