Ако до пред само една година пазарот на автомобили во Кина беше најпримамливиот за големите производители, 2019 година завршува како уште една очајничка година.
Цели 10 години продажбата на нови автомобили бележеше одлична продажба и постојано зголемување на продажбата, меѓутоа онака како што заврши 2018 година заврши и 2019 година.
Официјалните бројки покажуваат дека минатата година во однос на 2018 година продажбата на нови автомобили забележа пад од 9,6% и при тоа се продадени 21,4 млион автомобили.
И покрај процентуалниот пад на продажбата, продажбата на електрични автомобили бележи пораст, кој се очекува да продолжи и оваа година на сметка на автомобилите опремени со бензински и дизелски агрегати.