Роботот Stan ги паркира возилата на Шарл де Гол во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Големите аеродроми најдоа решение како да се намали стресот за паркирање на автомобилот кога патувате, особено во услови на празнични турканици и при тоа навреме да стигнете за летот. Возилото го паркира автономниот робот Stan, а сопственикот треба само да ја донесе колата до јавната гаража.
Stan е производ на компанијата Stanley Robotics, којашто на парискиот аеродром Шарл де Гол го користи овој робот.
Stan памти кое возило чие е и каде е паркирано, па сопственикот нема потреба да памти на кое ниво е пакиран автомобилот. Но, сопственикот пред да тргне кон аеродромот, преку Интернет страницата или апликација треба да си резервира паркинг место. Откако ќе го донесе автомобилот во гаражата, треба да го остави на таканареченото drop-off место. Роботот Stan ќе го подигне возилото и ќе го однесе на резервираното паркинг место. Клучевите од автомобилот остануваат кај сопственикот.

При резервацијата на местото, се оставаат и податоци и за повратниот лет, со цел автомобилот да го пречека сопственикот на истото место на кое го оставил пред да полета.  Од Stanley Robotics планираат овој роботски систем да се прошири и на други аеродроми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK