Rimac C_Two прват во компјутерска игра – во Forza Horizont 4

ОБЈАВЕНО НА:

Гејмерите љубители на авто игрите, особено на Forza Horizont добиваат одлична вест – Rimac C_Two за прв пат доаѓа во компјутерска игра.

Со најновиот апдејт, 4 серија од популарната игра која беше објавена на 27 септември минатата година го добива овој супер-спортски автомобил.

Гејмерите сега ќе може да уживаат во автомобилот со 1.914 КС кој до 100 км/ч забрзува за 1,97 секунди. Со ова уште пред почетокот на производството закажано за кон крајот на следната година, може да се искуси овој супер автомобил, макар тоа било и пред компјутерските екрани.

Инаку во моментов покрај автомобилот на Rimac, во оваа игра достапни меѓудругите се и BMW M4, Ford GT, Alfa Romeo 33 Stradale, Ferrari California T, Toyota Supra и многу дурги.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK