петок, 25 декември, 2025 година

Ригорозни казни во Грција за пушење во автомобил со дете

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Пушењето е штетно по здравје, а нашиот јужен сосед планира да воведе нови мерки и казни со кои ќе ги натера сите родители да се воздржат од пушење во своите автомобили додека ги превезуваат своите деца. Одземање на возачката дозвола на еден месец и парична казна од 1.500 евра – е глобата што Грција планира да ја наметне на возачите кои пушат во автомобил со деца под 12 години.

Ова го објави грчкото издание Lifo. Во исто време, земјата ги засили инспекциите за пушење во затворени простории. На мета се сите оние места каде досега не се спроведуваше одлуката за забрана за пушење.

- Advertisement -

Неизвесно е како ова би се спроведувало кај возилата и дали истото ќе биде санкционирани и за време на летните одмори кога во Грција има многу туристи по патиштата. И второ прашање е како полицијата ќе докаже дека некој пушел во автомобилот.

Имаше гласини за ваквите планови од Атина веќе некое време, но досега не се преземени никакви мерки. Меѓутоа, во средата грчкиот министер за здравство Андреас Ксантос ги повика полицијата, локалните власти и здравствените инспектори да проверат и да испратат информации до неговиот оддел.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја