За само 250 американски долари или речиси 14 илјади денари имате можност да резервирате електричен SUV кој доаѓа како конкурент на моделот Y на Tesla.
Станува збор за Fisker Ocean, електричен SUV кој ќе се комерцијализира во текот на 2022 година кога ќе започне и испораката на сите оние кои во меѓувреме ќе направат нарачка.
Покрај депозитот од 250 долари за нарачка, можете да започнете да го исплаќате ова возило и на месечно ниво, а месечната рата изнесува 379 долари. При тоа вкупната цена изнесува 40 илјади долари.
Fisker Ocean располага со два електромотори, акумулаторен блок со капацитетот од 80 kWh и може да помине 480 км со едно полнење.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]