Откако пред еден месец на светот му го покажа својот прв електричен автомобил, Mazda и официјално започна да прима нарачки за моделот MX-30.
За резервација на овој модел ќе треба да издвоите симболични илјада евра, без разлика на тоа кое ниво на опременост ќе сакате да поседува вашиот електричен автомобил.
Истовремено е објавена и продажната цена на овој модел. Така во Германија почетната цена ќе изнесува 33.990 евра вклучувајќи го и ДДВ-то.
Со оваа цена добивате Mazda CX-30 опремена со 35.5 kWh батерија.Со оваа батерија, со едно полнење ќе може да помине до 240 км. Електромоторот ќе развива 141 КС и 265 Nm обртни моменти.