Ретко Ferrari заборавено во гаража 40 години – и вреди 2 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

При чистење на имотот најчесто се грижиш само што ќе правиш со отпадот и ѓубрето што треба потоа да се исфрли. Но, ако имате среќа тогаш можете не само да се ослободите од вишоко тпредмети, туку и да бидете навистина богат. Тоа се случило во Јапонија каде сопственикот на една гаража нашол сокриен модел на Ferrari Daytona и тоа после четири децении.

Ferrari има произведено нешто повеќе од 1.200 возил ао дмоделот 365 GTB/4 Daytona во периодот од 1969 до 1973 година со пет лесни легури. Пронајдениот модел е единствениот што има алуминиумска каросерија Scaglietti, автомобил што бил продаден како нов на Лучијано Конти, близок пријател на Енцо Ферари.

Производството било завршено во јуни 1969 година, а бројот на шасијата 12653 со алумониумска шасија Scagilietti број 32. Овој модел на Daytona е опремен и со плексиглас фарови и електрични прозорци, покрај неговото посебно нарачана алуминиумска шасија.

Во 1971 година автомобилот бил увезен во Јапонија каде трипати ги менувал сопствениците, а последнио тбил Макото Такаи којго чувал автомобилот речиси четири децении. Малкумина колекционери знаеле дека постои ваков автомобил, а многумина се обиделе да го купат, но без успешно.

Лани возилото било подложено на целосн апроверка, по што било утврдено дека навустина е уникатен модел, и дек апостои само еден ваков. Овој единствен автомобил ќе биде понуден на лицитација на 9 септември и се очекува да постигне цена од 2 милиони долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK