Ако решите да возите и да пиете – Еве за колку време се разградува алкохолот во телото

ОБЈАВЕНО НА:

Ајде уште една, само по една. Вака често ви се обраќаат кога ќе решите да заминете од некоја забава, а уште повеќе ако сте меѓу првите пто заминуваат. Притоа треба уште и да го возите автомобилот. Ако возите тогаш воопшто и не треба да пиете алкохол. Само една чашка плус може да значи дека имате повеќе промили во крвта од дозволеното, и во случај полицијата да ве сопре сигурно ќе добиете казна.

Со секое внесување на алкохолот во организмот треба одредено време тој алкохол да се разгради и вашето тело повторно да се врати во нормала.

За секое залажување дека само една чашка нема да ви наштети треба да знаете дека доколку маж со тежина од 80 килограми во периодот од 20 часот на вечер до 1 часот по полноќ, пие по само едно пиво на секој часа, на крајот од вечерта во крвта ќе има 1,55 промили. И „трезнењето“ и чистењето ќе трае подолго отколку што вие мислите.

И да си легне да спие, кога ќе стане во 9 часот наутро повторно ќе има траги од алкохол во неговата крв, и тоа околу 0,75 промили.
Затоа кога сте на мисла да се забавувате, немојте воопшто да управувате возило. Или немојте да пиете алкохол.

Во даваме во прилог информација колку време е потребно за разградување на одредено количество алкохол во телото
час                  промила
1.00 час    1,55
2.00 часа    1,45
3.00 часа    1,35
4.00 часа    1,25
5.00 часа    1,15
6.00 часа    1,05
7 .00 часа     0,95
8.00 часа     0,85
9.00 часа     0,75
10.00 часа     0,65
11.00 часа     0,55
12.00 часа     0,45
13.00 часа     0,35
14.00 часа     0,25
15.00 часа     0.15
16.00 часа     0,05

Според Законот за безбедност на патиштата возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол. Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа а крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг или ако присуството на алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства или со апарати за мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми од 0,50 г/кг или кај кое без оглед на содржината на алкохол во крвта, со стручен преглед, ќе се утврди дека покажува знаци на алкохолна растроеност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK