Градот реши: Од следната година Штутгарт ги забранува дизелите

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во мај годинава административниот суд во Лајпциг донесе одлука со која градовите имаат овластување во секој момент да ги забранат дизел возилата кои не се во согласност со најновите стандарди за емисија на гасови, администрацијата на Штутгарт објави дека од следната година ги забранува дизел автомобилите.

Како што се соопштува, од следната година во Штутгарт нема да може да се возат автомобили произведени пред воведувањето на ЕУРО 5 стандардот. Оттука во овој град нема да може да се возат дизел автомобили произведени пред 2009 година.

Од Штутгарт се надеваат дека со оваа мерка ќе успеат да го намалат нивото на смог кој во градот во голем дел од годината е присутен и со тоа ќе се избегнат ситуации во кои сите дизел автомобили, вклучувајќи ги оние со ЕУРО 6 стандарди би биле забранети.

Инаку по донесувањето на законот според кој на градовите имаат можност да донесуваат забрани, Штутгарт е само едниот од многуте градови во низа кој ги забранија дизел возилата кои не ги исполнуваат минималните ЕУРО5 односно ЕУРО6 стандардите. Прв град кој ја искористи оваа можност беше Хамбург.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK