Според најавите следува период кога температурите ќе бидат многу ниски, и се очекува и снег. Наутро брзате на работа, но поради ниските температури замрзнати се сите стакла на вашиот автомобил. Некако ја отворате вратата, го вклучувате моторот, но главниот проблем е колку брзо ќе се истопи мразот што постои особено на предното стакло. А вам ви се брза, па почнувате да стругате со пластичните лопатки што сте ги добиле од некого н аподарок, или пак сте си купиле за да ви се најде за ваква ситуација.
Но, и ова оди тешко па стругањето се претвора во нервоза. Ја вклучувате и климата, го пуштате вентилаторот да дува од внатрешната страна. Но, времето си минува, а одмрзнувањето оди тешко и бавно.
Се нервирате бидејќи сте заборавиле да ставиле некој картон на предното стакло, или пак некоја ткаенина за да го сопрете замрзнувањето.
Постојат и мали трикови како едноставно да го одмрзнете стаклото на вашиот автомобил. За тоа ви требаат 2/3 алкохол и 1/3 вода. Но, како оди тоа?
Погледнете го ова кратко видео и можете и самите да се обидете да го направите дома.