Решени сите проблеми: Се развива батерија што ќе издржи возење до 2.000 км.

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеско – австралиската компанија Brighsun New Energy тестира нов тип на батерии благодарение на кои електричните возила ќе можат да минуваат и до 2.000 километри со едно полнење. Тоа во огромна мера ќе го забрза развојот на електричните возила и ќе ја зголеми нивната продажба. Сега токму батериите, нивната издржливост и домет на возење се главните причини што не се толку распространети.

Стручњаците од оваа компанија, која меѓу останатото развива технологии за електричните возила, на новите литиум сулфурни (Li-S) батерии работат веќе осум години.

Енергетската густина на тие батерии е од пет до осум пати поголема од конвенционалните, а тестирањата на компанијата SGS покажуваат дека тие задржуваат 91% од својот капацитет и по 1700 циклуси на полнење.

Посебно е интересно да се истакне дека очекуваниот експлоатациски век на овие Li-S батерии е околу два милиони километри.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK