Рендер од Alfa Romeo на кој не може да останете рамнодушни

ОБЈАВЕНО НА:

Нов рендер ги освои срцата на „алфистите“ ширум светот. Станува збор за неофицијален рендер на седан кој ќе се позиционира над Alfa Romeo Giulia.

Истиот овој рендер ја следи дизајнерската филозофија која е аплицирана на Alfa Romeo Tonale, а која се очекува да доминира кај сите идни модели на италијанскиот производител кој ќе бидат прикажани наредните години.

Позитивни сигнали испрати и Жан Филип Импарато, првиот човек на Alfa Romeo кој го потврди доаѓањето на модел во Е сегментот кој ќе биде ривал на BMW серија 5. Овој модел чије име се уште не се открива не е познато кога ќе се појави во понудата, но се шпекулира дека ќе биде 2023 година.

Претходно, Alfa Romeo потврди дека во септември ќе дебитира Tonale, а следната година доаѓа уште еден SUV модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK