Green NCAP тестот како пандан на Euro NCAP ги испитува еколошките аспекти на возилата, пред се електричните, хибридните и возилата со комбиниран погон.
Оваа календарска година за прв пат започна тестирањето на возилата на овој тест и во рамките на истиот тестирани се вкупно 24 возила.
Од нив само две возила добија максимални, пет од пет ѕвезди и тоа Hyundai Kona и Renault ZOE. Овие два автомобили добија максимални 10 поени во сите три категории: чист воздух, енергетска ефикасност и гасови на зелена градина.
На третата позиција со 3,5 ѕвезди се најде Toyota C-HR, а потоа со по три ѕвезди следат: Peugeot 2008, Mercedes-Benz C-Class, Peugeot 208, Renault Captur, Renault Clio, Seat Ibiza и VW Polo.
Најмалку еколошки од овие возила со освојување на 1,5 ѕвезди се Kia Sportage, Mercedes-Benz V-Class, Opel Zafira Life и VW Transporter.