Renault успеа да ги победи Volkswagen и Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

Статистичките податоци од 2017 година покажаа дека Renault-Nissan има импресивни бројки за минатата година и е лидер во категоријата за најмногу продадени возила низ светот.

Според информациите алијансата меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi успеала да продаде 10.61 милион автомобили во текот на минатата година и со тоа е убедливо најдобра. Пред крајот на минатата година се велеше дека Volkswagen ќе ја добие битката со оглед на тоа што се очекуваше да бидат продадени 10,7 милиони возила, но конечните 10,53 милиони не ги оправдаа прогнозите.

На третата позиција во класификацијата се најде Toyota со 10,2 милиони автомобили.

Водечките луѓе на Renault, Nissan и Mitsubishi веќе си имаат поставено големи цели. Целта им е да успеат да стигнат до 14 милиони продадени автомобили во една календарска година, а се очекува до овие бројки да стигнат во некоја од следните четири години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK