Renault Trucks во 2019 година ќе понуди електрични доставни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Од 2018 година уште не се изминати два месеци, но во Renault Trucks веќе имаат план и за 2019 година кога планираат на пазарот да исфрлат електрични товарни возила коишто ќе бидат наменети главно за доставување на роба во градските и приградските реони.

Ти се разработени на база на експериментално партнерство со кеиелни во реални услови во последните десет години. Новите камиони ќе се произведуваат во фабриката на Renault Trucks во Нормандија каде веќе е инсталирана специјална монтажна линија за нив.

Електричните товарни возила се основниот фокус во стратегијата на Renault Trucks за создавање на одржлив транспорт во градовите. Новите модели со нула емисија помагаат за подобрување на квалитетот на воздухот, ја ограничуваат измената на климата и го намалуваат застојот благодарение на доставувањата во текот на ноќта и безшумните мотори.

Од 2009 година досега Renault Trucks инвестира научноистражувачката и развојна дејност во областа на електромобилите. Како дел од програмата за партнерство со водечките светски компании како Guerlain, Carrefour, Nestlе и Delanchy Group се произведуваат тестови во реални работни услови на експериментални каимони кои имаат носивост од 12 до 16 тона.

Така Renault Trucks ја добива решавачката информација за условите на експлоатација, поведението на батеријата и специфичните потреби за поддршка на електричните камиони. Уште во 2010 година Renault Trucks го предлага на пазарот електричниот камион Maxity кој има носивост од 4,5 тона.

„Експериментот со Electric Maxity покажа зголемување на продажбата на електрични превозни средства. Денес, електричните автомобили се конкурентно решение кое не беше така во 2010 година“, објаснува Франсоа Савој, менаџер на енергетска ефективност во Renault Trucks.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK