Од компанијата Renault ги објавија амбициозните планови, кои ја поставуваат Франција во центарот на стратешкиот план на компанијата Drive The Future со инвестиција од над една милијарда евра. Тие средства ќе бидат во рамки на изработката и производството на електромобили во Франција.
Предвидените средства ќе бидат користени од Renault во четири основни правци:
* Воведување на нова платформа за електрични автомобили во заводот во Дуе,
* Задоволување на производството на ZOE во Флин,
* Тројно зголемување на производството на електрични мотори и воведување во производството на целосно новиот агрегат во Клеон и инвестиција во новата генерација на леснотоварната верзија на Kangoo. Во тој дел и на електричното Kangoo ZE.
Алијансата е светски лидер на пазарот на електрични автомобили, а Groupe Renault доминира на европскиот пазар. Со раст од 38 проценти кај електромобилите во Европа и 44 проценти зголемување во побарувачката на ZOE во минатата година, групацијата држи пазарен дел од 23,8 проценти за 2017 година.