Renault со историска загуба од 8 милијарди евра

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Renault  има големи финансиски проблеми. Коронавирусот и тоа како имаше влијание па така минатата година ја завршува со минус од 8 милијарди евра.

Во ваквите бројки најголемо влијание има падот на продажбата од 21,3% која ја забележа францускиот производител кој минатата година испорача под три милиони возила. Дополнително влијание има и лошите финансиски перформанси на ниво на Групација. Така на ниво на Групација остварен е минус од 7,3 милијарди евра.

Овој перформанс може да се каже дека е и тоа како очекуван. Renault уште на почетокот на минатата година го најави планот за штетење со цел остварување на финансиска стабилност. Целта е, со укинување на 15 илјади работни места, неколку модели и намалување на вкупните трошоци до крајот на 2025 година да се заштедат три милијарди евра.

За потсетување, кризата во Групацијата и меѓусебните односни помеѓу Renault и Mitsubishi започнаа со скандалот на Карлос Гон, а францускиот производител во 2019 година имаше можност да се спои и со FCA.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK