Renault Rafale со кој може да возите до 1.100 км. достапен и во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Rafale, купе SUV кој според најавите на француската фабрика Renault ќе го претставува самиот врв на нивната гама отсега е достапен и во Македонија прку продажната мрежа на Аутомотив Груп. Rafale ја заокружува палетата на модели на Renault со хибриден погон базирани на CMF-CD платформата.

Неговото име го симболизира ветрот, исто како и неговата силуета, која на прв поглед буди визии за изведба, смелост, возбуда и карактер. Rafale ќе се нуди само во верзија со пет седишта, а димензиите на возилото изгледаат вака: должина 471 cm, ширина 186 cm, висина 161 cm, меѓуоскино растојание 274 cm и волумен на багажникот 647 литри. Што се однесува до тркалата, тие се 20 инчи.

Се издвојува масивниот панорамски стаклен покрив SolarBay со димензии 1470 x 1117 mm, кој може да премине од целосно непроѕирен до целосно проѕирен покрив. Друга новина е еволуцијата на управувањето на задните тркала на Renault за да се подобри зафатот и брзината во свиоци на нерамни површини.

Во внатрешноста има 12,3-инчен дигитален инструмент табла и 12,0-инчен екран на допир. Работи на Android Automotive 12, а инфозабавата поддржува безжичен Android Auto и Apple CarPlay. Покрај тоа, има 9-3-инчен head-up дисплеј кој проектира релевантни информации на шофершајбната.

Хибридниот погон комбинира трицилиндричен турбо мотор со пар електрични мотори. 1,2-литарскиот бензински агрегат има 96 kW/130 КС и 205 Nm вртежен момент, а главниот е-мотор има 50 kW/70 КС и 205 Nm. Што се однесува до секундарниот е-мотор, тој е стартер генератор со 25 kW/34 КС и 50 Nm. Во комбинација, вкупната моќност на системот е 200 КС.

Rafale има и развиена plug-in хибридна поставка со 300 КС и погон на сите тркала со инсталирање на електричен мотор во задниот дел. Исто така, ќе има подобрено управување на задните тркала заедно со подесување на шасијата специфично за овој модел.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK