Доминацијата во сегментот на електрични автомобили во Европа, која ја има со моделот Zoe, Renault планира да ја зголеми лансирајќи го својот прв електричен SUV.
Во време кога другите европски производители, пред се германските, вложуваат милијарди евра на електрични автомобили, со цел да го задржи и чекорот, Renault на изминатиот саем во Париз претстави два електрични концепт возила, меѓу кои и K-ZE, мали електричен кросовер од А сегментот.
“Zoe е модел од B сегментот, мораме да се прошириме и во А сегментот, а тука е K-ZE. Нашата стратегија е многу јасна, сакаме да ги покриеме најважните сегменти на стариот континент. Сегментот А, B и C.” изјави Жил Норманд, шефот на продажба на електрични модели во Renault.
Новиот електричен SUV на кој во моментов работат во францускиот производител е од C сегментот. Од она што е познато, истиот тој се базира на CMF-EV платформата, а се оечкува автономијата да биде поголема од 500 km. Во моментов нема многу технички информации околу овој модел, но се очекува тој во продажба да се појави за три до четири години, откако претходно Renault ќе лансира мал електричен SUV автомобил.