Renault планира уште еден мал кросовер за Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Не е тајна дека Renault положува големи амбиции кога се во прашање малите автомобили, вклучувајќи ги и кросовер моделите.

Моделите Clio и Captur години наназад доминираат во своите сегменти, а солидна продажба бележи и Twingo. Со цел да го зголеми пазарниот удел во сегментот на мали градски SUV возила, францускиот производител планира да воведе уште еден модел во понудата.

За таа цел ќе биде искористена CMF-B платформата која се применува и кај најновите модели на Clio и Captur. При тоа овој модел треба да се темели на дизајнерската филозофија применета кај новата генерција на Clio користејќи бројни технолошки елементи од Captur. Дури и димензиите и клиренсот треба да бидат идентични како и Captur.

Во моментов прототип на овој модел, замаскиран како моделот Clio од претходната генерација се тестира во Шпанија, а продукциската изведба се очеквуа да биде претставена кон крајот на оваа или најдоцна почетокот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK