Според новиот шестгодишен статешки план на Renault Nissan Mitsubishi, алијансата има цел да продава 15 милиони возила годишно и да има заеднички приходи од 240 милијарди долари. Во однос на електрификацијата, би требало да има 12 нови целосно чисто електрични модели до 2022 година, и варијанти што би имале автономен домет од над 600 километри.
“До крајот на нашиот стратешки план Alliance 2022, ги поставивме нашите цели, да ги удвоиме нашите годишни синергии до 10 милијарди евра. За да се постигне оваа цел, од една страна Renault, Nissan и Mitsubishi ќе го забрзаат соработката во заеднички платформи, возила од следната генерација на технологија за електрични и автономни автомобили, како и за автомобилско поврзување. Нашата вкупна годишна продажба се планира да ја премине границата од 14 милиони единици, генерирајќи очекувани приходи од 240 милијарди долари до крајот на нашиот план “, вели Карлос гон, претседателот и главен извршен директор н алијансата.
Според точките од планот на Alliance 2022, индивидуалните брендови ќе ја зголемат нивната соработка преку употреба на заеднички платформи, со појава на девет милиони возила развиени на четири главни платформи. Се очекува преклопување на околу 75 отсто од агрегатите.
Во однос на електрификацијата, Alliance 2022 предвидува воведување на пазарот на 12 нови целосно чисти елкетрични возила до 2022 година, и се предвидуваат и верзии со автономен домет од над 600 километри. Според очекувањата на гиганти, цената на батериите ќе се намали за околу 30 отсто (во 2022 во однос на 2016), и со 15-минутно полнење ќе може да се обезбеди нов домет од 230 километри (90 км во моментов)
Во текот на следните шест години, ќе бидеме сведоци и на појавата на 40 различни модели и модификации со различни нивоа на автономни системи за управување, вклучувајќи целосно автономни. За 2018 година, Алијансата предвидува високоавтономни автомобили со за автопатиштата патишта, во 2020-та ќе станеме сведоци на првите модели со автономно управување во градот, а во 2022 ќе се појават и првите целосно автономни автомобили, при што возачот нема да биде потребно да се меша на кој било начин во управувањето.