Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата ќе добие нов извршен директор. Оваа вест ја објави актуелниот извршен директор на Renault Карлос Гон кој за интервју за Фајненшал Тајмс изјави дека ќе се повлече од актуелната позиција пред крајот на неговиот мандат кој завршува во 2022 година.
“Можете да се сомневате дека пред 2022 година ќе престанам да бидам извршен директор на Renault” изјави 64 годишниот Гон во текот на интервјуто. Тој додаде дека во моментов е фокусиран на зајакнување на односите меѓу Nissan и Renault и нивна поголема меѓусебна интеграција, а исто така потенцираше и дека е посветен на новите технологии во автомобилската индустрија, пред се целосно електричните и автономните возила.
Инаку Гон е роден во Порто Вељо, Бразил. Познат е по неговата претходна висока функција во Nissan како и Michelin. Благодарение на својата успешна бизнис кариера во 2004 година му беше понудена високата функција во General Motors и Ford. Сепак тој подоцна се одлучи кариерата да ја продолжи во Renault-Nissan Алијансата, во чиј составен дел подоцна влегува и Mitsubishi Motors.