Според барањата емисиите на CO2 треба да бидат намалени и автомобилската инфустрија може да допринесе многу за ова. За пример може да се земе Renault – во 2020 година, брендот ги намали емисиите на стаклени гасови во Германија повеќе од секој друг проиводител за најмалку 100.000 нови регистрации. Електричната мобилност поткрепена од компанијата со лансирање на нови електрични и електрифицирани модели, се разбира, игра голема улога во тоа.
„Нашите новорегистрирани модели емитираа една четвртина помалку СО2 минатата година“, вели шефот на Renault Германија, Уве Хохгешурц.
Во конкретни бројки тоа значи пад од 23,6% во споредба со 2019 година. Емисиите на СО2 кај новите регистраци за сите брендови во 2020 година се намалени во просек за само 11%. Според Федералниот орган за автомобилски транспорт (KBA) просечните емисии на CO2 од моделите на Renault, продадени во 2020 година биле 101,2 грама на километар.
Еден од главните играчи во овој на Renault е со утројувањето на регистрациите на Zoe, кое стана најпродаваниот електричен автомобил во Германија веќе шеста година по ред. И СО2 диетата кај Французите продолжува на пример со Twingo Electric, како и со хибридните погони. Во следните месеци понудата на Renault ќе се прошири до шест хибридни и plug-in хибридни модела.