Renault Kwid во Европа под знакот на Dacia

ОБЈАВЕНО НА:

Пред неколку месеци Renault ја најави новата генерација на малиот кросовер Kwid специјално дизајниран и наменет за пазарот во Индија.

Меѓутоа иако првично се наведуваше дека овој автомобил ќе се продава само во Индија, француските медиуми пренесуваат дека во Renault донеле одлука овој автомобил да се продава и во Источна Европа и Блискиот Исток под знакот на Dacia.

Kwid е за малку поголем од Twingo, и за половина метар пократок од Duster. Под хаубата ќе располага со 1.0 литарски мотор и е замислено како нискобуџетно возило. Доколку се остварат шпекулациите, Kwid во гамата на Dacia ќе се смести под Duster и Sandero Stepway.

Сепак иако нема официјална потврда на овие шпекулации, сепак самиот факт што прототипното возило беше фатено како се тестира во Европа доволно говори за определбата на Renault за продажба на овој модел во Источна Европа каде во моментов има значаен пазарен удел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK