Renault ќе претстави електромобил за 8000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на есента во 2018 година поранешниот шеф на компанијата Renault, Карлос Гон, на саемот во Париз го претстави концепцискиот модел Renault K-ZE. Сега Французите се подготвени да почнат со сериската верзија на хечбекот, Renault City K-ZE, која ќе биде презентирана на саемот во Пекинг, а до крајот на годината ќе се појави на пазарот во Кина.

Главната предност на автомобилот е дека тој е управуван од електромотори и е многу евтин. Се тврди дека цената му е околу 7.000-8.000 долари, а тоа ќе биде глобален модел, кој постепено ќе се појави на други пазари.

Првиот пазар после Кина ќе биде Индија, а ова не е случајно. Во основата на City K-ZE е кросоверот Kwid, кој Renault веќе го продава на пазарот во индија. Во случајот, сепак, електромобилот ќе се изработува во фабриката eGT New Energy Automotive во Шијан (Кина), која може да произведе до 120.000 возила во една година.

Техничките детали се јасни. Електромобилот има можност да помине од 250 километри според циклусот NEDC, што во реални услови означува двапати помалку. Се очекува моќноста на електромоторот да биде 68 коњски сили, што исто така не импресионира особено. Сепак, ако цената е навистина таква, моделот со сигурност ќе биде многу баран.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK