Првиот човек на Renault, Лука де Мео на 14 јануари ќе го објави планот “Renaulution” кој има во план серија од кратења во неколку домени. Деталите од овој план официјално не се познати, но француските медиуми ги објавија неофицијалните.
Најголемо внимание предизвикува планот за намалување на понудата за 30%. Ова вклучува прекинување на производството на неколку модели, а прв модел што ќе прекине да се произведува е Talisman. Продажбата на овој модел во последната година се намали за 50%, а токму тоа е и причината за ваквата одлука.
Производството и продажбата ќе прекине и за моделите Espace и Scenic, а од претходно се шпекулира дека можно е да се укинат трите изведби на моделот Megane и да биде достапен само во хечбек изведба.
Дополнително, во постоечките модели ќе се вградат компоненти развиени од Nissan, а Групацијата значително внимание ќе посвети на заедничкиот развој на компоненти.