Renault ја претстави новата генерација на Trafic

ОБЈАВЕНО НА:

Renault официјално ја претстави новата генереација од комерцијалното возило Trafic и тоа само две години откако беше претставен редизајнот на третата генерација.

Новата генерација доаѓа со сосема нов екстериер. Покрај новиот браник и маска на ладилникот тука се и новите LED светла, новите алуминиумски фелни, а единствено од актуелната генерација се линиите на страничниот дел.

Доаѓа и со дотерана внатрешност каде доминира 8,0 инчниот екран осетлив на допир, можноста за целосна интеграција со Android и Apple уреди. Тука се и напредните системи за безбедност и асистенција на возачот вклучувајќи ги сензорите за алармирање на мртов агол, систем за предупредување при напуштање на коловозната лента, системот за автоматско сопирање и друго.

Во однос на моторите, во понудата ќе бидат достапни и моторите од актуелната понуда и тоа 1,6 литарскиот дизелски мотор со 94, 123 и 143 КС како и помоќниот 2,0 литарски достапен во верзии со 118, 143 и 168 КС.

Комерцијализацијата на овој модел ќе се случи во март следната година, а Renault засега не ја открива почетната цена.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK