Renault ја крати понудата – ќе има само по еден дизелски и бензински мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Renault уште на почетокот на минатата година ги најави плановите за реструктуирање кои имаат за цел да се заштедат неколку милијарди евра.

Според првичниот план Renault ќе укине неколку модели, а сега Лука де Мео, новиот прв човек на францускиот производител во интервју за Automotive News Europe откри и дополнителни планови.

Така францускиот производител од 2025 година во понудата ќе има само по еден дизелски и еден бензински агрегат. Тоа претставува значително намалување од актуелната понуда во која се наоѓаат три дизелски и четири бензински мотори. Во однос на планираната електрификација, Renault ќе нуд и два различни електрични мотори.

Де Мео наведува дека времето на широката понуда на мотори е поминато и дека очекува и останатите производители да ја намалат понудата на бензински и дизелски мотори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK