Renault продолжува со офанзивата на полето на хибридни технологии, претставувајќи нов погонот E-Tech со 160 коњски сили. Се работи за целосен хибрид со 1.8-литарски бензински мотор и батерија од 1.4 kWh, кој ќе се нуди во моделите Captur и новиот Symbioz. Новиот хибрид нуди подобрени перформанси и намалена потрошувачка – само 98 g/km CO₂ за Symbioz и 99 g/km за Captur.
Хибридниот систем овозможува стартување во електричен режим, со можност до 80% од возењето во градски услови да се одвива на струја. Според Renault, продажбата на хибридни возила во Европа бележи раст од 7.8% во првиот квартал од 2025 година, што ја позиционира компанијата на второто место по продажба на хибриди.
Новиот E-Tech погон се базира на серијско-паралелна архитектура со два електромотори – главен од 36 kW и стартер-генератор од 15 kW – заедно со четирицилиндарски бензинец од 80 kW. Претходната верзија имаше 94 коњски сили, а новата нуди 109. Преносот се врши преку нова менувачка кутија без спојка, со т.н. „dog box“ технологија за брзи и прецизни менувања на брзините, со минимални загуби на енергија.
Технолошките подобрувања вклучуваат и директно вбризгување на гориво со притисок од 350 бари, што значително ја подобрува прецизноста и согорувањето. Вртежниот момент на моторот е зголемен за 25%, на 172 Nm, што резултира со поагилно возење – Captur сега забрзува од 0 до 100 km/h за 8.9 секунди, наместо 10.6, а Symbioz за 9.1 секунди.
Батеријата од 1.4 kWh нуди подобрен електричен досег, а потрошувачката на гориво е намалена на 4.3 литри/100 km – до 40% поекономично од претходната генерација. Менувачот „dog box“ е дополнително усовршен за потивко и попрецизно менување, со електронски менувач за подобра ергономија.
Новата верзија на погонот ја зголемува и влечната моќ од 750 на 1.000 килограми.
За Symbioz, Renault воведува и нов благ хибрид со 140 коњски сили – 1.3-литарски турбо мотор со 6-брзински мануелен менувач. Овој погон нуди 260 Nm вртежен момент и просечна потрошувачка од 5.9 l/100 km со емисии од 134 g/km CO₂.
Продажбата на новите модели започнува на 6 мај, а првите испораки се очекуваат во јули 2025 година.









