Renault и Nissan ќе работат со Uber

ОБЈАВЕНО НА:

Компаниите Renault и Nissan објавија дека алијансата потпиша меморандум за разбирање со Uber, кој предвидува електрификација на корисничките патувања за компанијата на заеднички патувања во Европа.

Договорот предвидува можност за обезбедување на достапни електрични автомобили на партнерите на Uber; а првите решителни чекори ќе бидат направени во Велика Британија, Франција, Холандија и Португалија.

Од алијансата велат дека новиот договор е дел од иницијативата на Uber, кој предвидува целосна електрификација на користените автомобили од партнерите. До 2025 година, 50% од километри од возачите на Uber во седум европски градови: Амстердам, Берлин, Брисел, Лисабон, Лондон, Мадрид и Париз, ќе бидат целосно на електричен режим,,

Електромобилите, до кои ќе имаат олеснет пристап партнерите на Uber ќе бидат Renault ZOE и Nissan Leaf, а во понудата ќе бидт додадени и други предлози.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK