Renault го претстави обновениот Megane Grand Coupe

ОБЈАВЕНО НА:

По четири години и некој месец од премиерата на актуелнaта генерација, француски Renault ја претстави обновената Megane GrandCoupe.

Измени нема ногу. Екстериерно на предниот дел воочлив е новиот браник и за малку модифицираните фарови. Минимална промена има и на задниот дел.

Во однос на ентериерот, истиот останува идентичен како и досега.

 

Новост има и во понудата. Истата сега е збогатена со унапреден 1,0 литарски TCe мотор со директно вбризгување и со 115 КС. Истиот сега испушта многу помала количина на CO2, но и е поекономичен.

Тука е и 1,3 литарскио TCe мотор со филтер за честици кој доаѓа со 140 КС и опционално со мануелен и автоматски менувач. Дизелската понуда на мотори ја сочинува и стандардниот 1,5 литарски dCi мотор со 115 КС.

Новитет се и унапредените системи за помош и безбедност. Така тука е адаптивниот темпомат со Stop&Go функција, системот за принудно сопирање со цел спречување на судар и слично.

И подновениот Megane ќе продолжи да се продава на истите пазари како и досега вклучувајќи ги тука земјите од Европа, Блискиот Исток, Азија, Австралија и Африка.

Цената засега останува непозната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK