Renault го претстави новиот турбо агрегат

ОБЈАВЕНО НА:

На штандот на Renault на саемот во Женева беше направена премиера на новиот 1,3 литарски TCe турбо агрегат, кој е изработен заедно со Daimler.

Новиот мотор ќе биде воведен прво во модификациското портфолио на моделите Captur и Scenic, а потоа ќе биде достапен и во неколку помоќни верзии.

За новиот 1,3 литарски TCe бензинов мотор, од Renault коментират, дека тој ќе донесе зголеменао задоволство во управувањето, а во исто време ќе гарантира пониска потрошувачка на гориво и пониско ниво на CO2 емисии.

При воведувањето на модифицираното портфолио на Scenic, новиот агрегат на Renault ќе се предлага со четири верзии на моќ: 115, 130, 140 и 160 коњски сили, додека најмоќната верзија доаѓа со зголемување од 30 коњски сили во споредба со моторот, кој го менува, како и зголемување од 65 Нм до 270 Нм, во максималниот вртежен момент.

Кај Renault Captur, новиот мотор ќе се нуди во верзија со 130 коњски сили и 220 Нм со рачна менувач и 150 коњски сили и 250 Нм во верзија со роботизиран EDC менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK