Renault го претстави новиот модел Arkana

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред една недела објави тизер фотографија и најави дека новиот модел Arkana ќе биде претставен премиерно на саемот за автомобли во Москва, Renault сега и официјално ја го претстави најновиот модел Arkana.

Со технички карактеристики на SUV и комфорност на седан, новиот модел Arkana претставува комбинација на Koleos и Talisman кој се позиционира во C сегментот. Овој модел се базира на CMF платформата, истата онаа што се користи и кај Dacia Duster.

Во недостаток на официјална потврда за моторите со кои ќе располага, се претпоставува дека Arkana ќе ги има истите мотори како и Duster. Така овој модел ќе биде достапен со 1.6 литарски бензински и 1.5 литарски дизелски мотор.

Renault Arkana - rear

Иако во соопштението е наведено дека приоритетен пазар на Arkana ќе биде рускиот, овој модел ќе се продава и во преостанатиот дел на Европа. “Идејата за овој иновативен концепт дојде од Русија и проектот е целосно предводен од тимот на Renault Russia. Arkana има за цел да ги пресретне потребите на русите, но исто така и на многу потрошувачи од многу земји ширум светот” изјави Никлас Маур, одговорен за операциите на францускиот производител во Еуро-азијскиот регион.

Renault Arkana - front

Со овој модел како што и претходно во соопшти францускиот производител, ќе се зголеми понудата на SUV модели па така Arkana ќе се приклучи на постоечките модели Koleos, Kadjar и Captur. Ценовно ќе се позиционира далеку  Mercedes GLC Coupe, BMW X4 и Audi Q4, па оттука ова ќе биде одлична алтернатива на овие конкурентски модели. Комерцијализацијата на овој модел ќе се спроведе на почетокот на 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK