Renault го истражи европското расположение за електрична мобилност

ОБЈАВЕНО НА:

Како дел од тематскиот настан Renault eWays, Groupe Renault и Ipsos спроведоа интересно истражување меѓу корисниците на петте основни европски пазари, благодарение на што е добиен интересен поглед на барањата за електрична подвижност и перцепција од страна на пазарот.

Од Groupe Renault коментираат, дека и покрај исклучително сложената ситуација во Европа годинава, регистрациите на 100% електричните автомобили се има зголемено за 70% за периодот јануари-октомври, што според автомобилскиот гигант е знак за уште поголем развој во слседните години.

Податоците од истражувањето на Renault eWays electric mobility barometer покажуваат дека осум од десет од анкетираните (вкупно 5.000 луѓе) изразија желба да видат уште повеќе хибдирни и целосно електрични понуди на пазарот во следните десет години. Вкупно 54% од учесниците во испитувањето изјавиле дека имаат чувство дека преминувањето кон електрична мобилност се случува премногу бавно.

Европските потрошувачи се убедени дека електрифицираните автомобили ќе помогнат за намалувањето на загадувањето на животната средина, а 38% изјавиле дека се готови брзо да се приклучат на целосно електричното решение за мобилност. Вкупно 47% се подготвени да направат важен чекор, доколку станува збор за автомобили со хибриден погон.

Во исто време, сепак, 76% од анкетираните признаваат дека никогаш не управувале електромобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK