Откако пред само неколку денови на францускиот интернет сајт worldscoop.forumpro.fr беше објавено видео од презентацијата на новиот Renault Captur на кој се гледа предниот дел, на интернет се појавија и првите фотографии на кои може да се види комплетниот изглед.
Од фотографиите може да се забележи дека предните светла потсетуваат на оние од Renault Clio од претходната генерација, рестилизирани со актуелниот дизајнерски јазик применет кај моделите Talisman, Megane и новата генерација на Clio. Светлата на задниот дел се во C форма.
Од претходно е познато дека овој модел се темели на CMF-B платформата која припаѓа на семејството на CMF платформи развиени од страна на Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата. При тоа CMF-B платформата е искористена и кај новата генерација на Renault Clio, а истата овозможува и електричен погон.
Засега останува непознато кога официјално ќе биде претставен овој модел, ниту почетокот на продажба.