Renault Captur S-Edition со 150 коњски сили

ОБЈАВЕНО НА:

Новата ограничена серија на Renault, и тоа S-Edition од хит моделот Captur, со кој компанијата од Франција ќе воведе и помоќен мотор. Новиот мотор Tce 150 ќе може да биде комбиниран како со механички така и со роботизиран EDC менувач. Во исто време идните сопственици ќе имаат можност и да изберат свое возило со екслузивна Iron Blue надворешна боја.

Iron Bluе екстериерот на Renault Captur S-Edition ќе може да биде комбиниран со Etoilе Black или Platine Grey контрастен таван, а во опремата на серијата исто така се вклучени и црни 17-цолови Filante алуминиумски бандажи, специјални тематски амблеми, нови метални прагови на вратите, уникален внатрешен ентериер со Alcantara и друго.

Секој од претставниците на Captur S-Edition е екипиран исто така со инфо-комуникациска и мултимедиски систем R-LINK Evolution, комплетен сет на паркинг сензори, камера за задно гледање, паркинг асистент, систем за предупредување на превозно средство во слепа точка од поглед на возачот… Како дополнителна опрема се додадени и аудио системот BOSE, панорамски стаклен таван, предни седишта со греење и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK