вторник, 25 декември, 2025 година

Renault Captur под нож: Ќе се подмлади за да го продолжи животниот век

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По четири години присуство на пазарот Renault сосема разбирливо решава да го подмлади својот модел Captur. Така ќе му овозможи уште некоја година живот пред да стигне неговиот наследник.
На саемот во Женева, Renault Captur доаѓа со две нови бои и дополнителна боја за покривот. Сега со сите можни бои, може да се направат повеќе од 30 комбинации за персонализација на моделот.

- Advertisement -

Меѓу новините за Captur се освежување на предната решетка со ублажување на преминот со хромирани лајсни што ја опкружуваат решетката. На браникот сега се вградени дневни ЛЕД светла во облик на буквата Ц. Сето ова го прават Captur повеќе да личи на новите возила од семејството на Renault.

Во внатрешноста нема многу промени а сега бенефитот е поквалитетни пластики, хромирани делови, подобри материјали за управувачот, или целосно перфорорана кожа за некои верзии, редизајниран тапацир на вратите и менувачот

Captur е најпопуларен модел во својот сегмент во Европа, а лани биле продадени 215.670 возила. Како опција се целосно ЛЕД светла и фиксиран стаклен покрив.

Во однос на мотороите нема никакви измени, па тука се бензинските 0.9 литарски и 1.2 литарски мотори и 1.5 литарски дизелски агрегат во неколку варијанти.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја