Renault Captur PHEV во продажните салони од следната пролет

ОБЈАВЕНО НА:

На овогодинешниот саем за автомобили во Франкфурт саемска премиера имаше новата генерација од моделот Captur на Renault. Истовремено францускиот прозиводител објави дека во продажба ќе биде достапен и plug-in хибридна верзија.

Официјалните информации говорат дека оваа верзија ќе може да се види во продажните салони веќе следната пролет.

Оваа верзија според француските медиуми ќе располага со 1.6 литарски бензински мотор кој ќе продуцира 90 КС како и електромотор со 70 КС и литиумско-јонска батерија од 9.8 kWh.

Истиот овој погон се очекува да се користи и кај plug-in хибридната верзија на новиот Nissan Juke како и кај Renault Megane.

Цената на овој Captur не е позната и се очекува истата да биде објавена на саемот во Женева кога би можело и да дебитира.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK